Power Cleaning I10 Професионален кисел пенлив детергент за отстранување на минерални наслаги, бигор, рѓа и органски нечистотии. 1 литар
POWER CLEANING I10 е професионален висококонцентриран кисел пенлив детергент наменет за интензивно чистење, отстранување на минерални наслаги, бигор, рѓа и органски нечистотии во индустриски и професионални објекти.Производот е формулиран на база на...
POWER CLEANING I10 е професионален висококонцентриран кисел пенлив детергент наменет за интензивно чистење, отстранување на минерални наслаги, бигор, рѓа и органски нечистотии во индустриски и професионални објекти.
Производот е формулиран на база на фосфорна киселина, нејонски сурфактанти, амини и инхибитори на корозија, кои овозможуваат ефикасно навлажнување, растворање и отстранување на:
· воден каменец (бигор);
· минерални наслаги;
· рѓа и метални оксиди;
· остатоци од сапун;
· маснотии и протеински наслаги;
· нечистотии на инокс површини и производна опрема.
Благодарение на стабилната пена, производот обезбедува продолжено време на контакт со површината, што овозможува максимална ефикасност при чистење на вертикални и тешко достапни површини.
Содржи инхибитори на корозија кои придонесуваат за заштита на металните површини при правилна употреба.
Пакување: 1 литар со пумпица.
Упатство за употреба Power Cleaning I10.pdf
TDS ТЕХНИЧКО УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА - POWER CLEANING I10.pdf






